Dobredojdovte na Websajtot na Mogorce

Doma Za Mogorce Kniga na gosti Foto  Galerija1 Foto Galerija 2 Sto ima Novo Favorite Linkovi Za dumanje Razno Kontakt stranica. Poseti

Zamisla za stranicata

Kako entuzijasti koj sakaat da go prestavat svojot kraj,i da gi prikazat ubavinite na Mogorce,selo vo Debarskiot kraj. Se odlucivme i Nie da se prestavime posiroko na ovoj nacin

Najnovi Vesti.

Се лизга земјиштето и во село Могорче
Катерина Гетева
07.04.2006

Се лизга земјиштето и во село Могорче, мештаните останаа без вода за пиење.

„Селото, 2.500 жители останаа без вода со ова. Ако не ни се помогне, ќе немаме вода ние“, изјави Исмет Фазлиоски, претседател на месна заедница.

Освен тоа што водоводот пропаднал во провалија, лизгањето на земјиштето може да предизвика дополнителни штети, посебно на куќите од долниот дел од селото. Овде жителите може да останат без покрив над главата.

„Има големи штети, а скинат е и доводот на вода за село Могорче. Од таа призма гледано, сметам дека овде во перспектива веќе не може да поминува водоводот“, вели Рашид Абазовски, кризни состојби.

Оваа е петто село по ред каде се предизвикани огромни штети од лизгање на земјиштето. Експертите со години предупредуваат дека земјиштето во повеќе региони се спушта.

Лизгањето се забрзува поради интензивните подземни води и наглото топење на снегот. До ерозија на земјиштето доаѓа и со диво сечење на шумите.
-------------------------------------------------------
СВЛЕЧИШТЕТО НА МАРУШКА ПЛАНИНА ГО ОДНЕСЕ ВОДОВОТ ЗА МОГОРЧЕ, ДВЕ И ПОЛ ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ МОЛАТ ЗА ПОМОШ
Ќе останеме без вода- загрижени се Исмет Фазлиовски и Нафиз Исовски од малореканското село Могорче. Секојдневно дежураат покрај цевките што ги снабдува со вода 2500-ните жители на селото. Земјиштето што се лизга од Марушка планина сериозно го оштетува водоводот. Помага и реката Белешница од чии извори Могорчани пијат вода.

„Таа секогаш правела проблеми, тоа се случува кога снегот од Маришка планина се топи нагло и прави езерца а тоа го собира цело земјиште што го гледате, кое пак станува многу лизгаво“ кажуваат жителите.

Жителите се плашат дека повеќегодишното свлечиште што е интезивирано пролеттва, ќе ја однесе земјата до селото. Во опасност се десетина куќи и патот што води кон селото Лазарополе. Луѓе од локалната власт од Дебар веќе го посетиле лизгалиштето. Могорчани од нив побрале да им направат водовод на друго,стабилно место.

„Некоја помош на 2500 жители од Могорче треба да им помогне државата власта, ќе останеме без вода“ бараат жителите.

Могорчани се принудени вода да полнат од селските чешми. Очекуваат вонредната ситуација кратко да трае и водоводот да им биде обновен за скоро време. Вода во домовите имаат од 2001 кога со пари од државата им е направен систем за водоснабдување.

(08.04.2006) Милка Смилевска
Автор: Милка Смилевска
milka.smilevska@kanal5.com.mk

Vesta e prevzemena od kanal5
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=11105&mid=1500&tabId=1&tabindex=4
(08.04.2006)

Najubaviot i najskap objekt vo Mogorce,Prekrasnata DZAMIJA

Slikata koja e gledate e od Dzamijata vo selo Mogorce.Zasega se vrsat nekoi promeni na samata Dzamija od gradezen aspekt, taka da veke ova Minare koe go gledate Veke ne postoi.
Zapocnata e izgradba na novo koe treba za skoro vreme da bide gotovo.

Koga ke bide gotovo se nadevame deka ke postavime slika so Novoto Minare,dotogas uzivajte vo staroto koje veke go Nema

Pokana za spas na vodovodot vo s.Mogorce

Site dobronamerni lugje koj sakaat na bilo kakov nacin da pomognat za da se spasi vodovodnata mreza koja pominuva preku rekata Belesnica,toa moze da go storat so javuvanje kaj Mesnata Zaednica na selo Mogorce.

Vesti od dzamiskiot odbor.

Vakovskiot odbor od selo Mogorce,gi povikuva site dobronamerni lugje koj sakaat da dadat dobrovolni prilozi za izgradba na novoto Minare na Dzamijata vo selo Mogorce,istoto moze da go storat so javuvanje kaj Vakovskiot odbor i kaj odzata Zekir Sadikoski.
10050
Stranicata najdobro se gleda so rezolucija 1024x768, i potreben e browser Mozila Firefox verzija1.5. Copyright © 2006 "Fiva Net" dooel